Home » Во фокусот » Политичките реклами на Фејсбук ќе бидат јасно означени

Политичките реклами на Фејсбук ќе бидат јасно означени

Фејсбук објави неколку промени кои ќе ја зголемат транспарентноста на рекламирањето за политички цели

Со цел да ја намали штетата за сопствената репутација, но, исто така, да ја минимизира можноста дека нивната социјална мрежа повторно ќе се искористи за ширење лажни вести и манипулирање со избори и референдуми, во Фејсбук речиси секојдневно објавуваат некои нови промени. Овој пат, тие најавија нови правила кои ќе се однесуваат на реклами поврзани со политички кампањи, избори и слични ситуации.

Во случаите кога некој ќе биде подготвен да плати за реклама на Фејсбук, која се однесува на постигнување на политички цели, таквите реклами ќе мора јасно да се означени. Исто така, ќе мора да биде многу јасно истакнато кој ги плаќа, со цел гласачите (намерно или случајно) да не бидат доведени во заблуда. Првите промени во означувањето на политичките реклами ќе започнат во САД, уште во текот на оваа пролет.

Освен во случаи на политички реклами за различни избори, на ист начин ќе бидат означени и рекламите кои промовираат определени страни на референдуми (како Брегзит или референдумот за абортус во Ирска) или промовираат некои слични идеи кои имаат поголемо влијание врз општеството.

Зголемената транспарентност и одговорност за содржината објавена на Фејсбук ќе ги зафати и сопствениците на страници (Pages) кои имаат голем број на следбеници. Компанијата најави дека сите администратори на “големите” страници (не е објавен бројот на следбеници кои се смета за голем) ќе треба да го потврдат својот идентитет. Ова треба да овозможи оние кои водат страници со лажни профили повеќе да не можат да објавуваат никаква содржина. Со самото тоа, квалитетот и вистинитоста на објавите би требало да се зголеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365