Фејсбук следната недела ќе ја отстрани опција за трендинг вести која се наоѓа на десната страна на десктоп верзијата на оваа популарна социјална мрежа.
Причината за ваквата одлука е големиот број на критики кои веќе долго време се упатуваат до менаџментот на Фејсбук дека оваа опција е бескорисна и дека во трендинг вести најчесто се избрани оние кои се лажни.
Оваа опција на трендинг вести беше достапна за корисниците во пет земји и медиските куќи од кликовите имаа удел на заработка од 1,5%.
Во моментов, компанијата тестира други начини на “доставување” на популарните, најновите и други категории на вести, како што се на пример,локалните вести.
Поранешните уредници на Фејсбук изјавиле дека критиките за трендинг вестите започнеле во 2016 година и додале дека тие имале право да ги уредуваат насловите и признале дека “рутински ги потиснувале” конзервативните приказни.
На многу корисници на оваа социјална мрежа им беше смешно да замислат дека Фејсбук ќе може да го замени Твитер кога станува збор за пласирање на вести. Опција трендинг вест и` помогна на оваа платформа во брзо собирање на информации, меѓутоа, тоа не ги наведе луѓето да создадат навики за таков начин на информирање и верување во објавеното.
Фејсбук појасни дека отстранувањето на трендинг вестите ќе им даде можност на новите новинарски производи. Во нивното образложение не е јасно наведено дали на овој дел на почетната страница ( “News Feed”) ќе има сосема нова опција или сепак, ќе стане збор само за еден поинаков начин на дистрибуција на вестите.