Австралискиот таблоид The NT News се пошегува на сметка на паниката предизвикана од ширењето на новиот корона вирус и разграбувањето на тоалетна хартија, така што во своето ново издание објави дел со празни страници наменети за читателите доколку итно им затреба тоалетна хартија.
„Објавивме неколку празни страници на средината на списанието. Овие страници се лесно одвојливи, така што можете да ги користите во итен случај“, се вели во магазинот.
Во Австралија се пријавени 55 случаи на зараза од вирусно воспаление на белите дробови. Многу граѓани почнаа да прават залихи на тоалетна хартија. Поради оваа голема набавка, некои супермаркети одлучија да ја ограничат продажбата на овој производ.
Полицијата дури мораше да интервенира во една продавница, поради тепачка на двајца купувачи на тоалетна хартија.