Милијардерите Џеф Безос, Елон Маск и Ричард Бренсон добија нов конкурент во „вселенската трка“ – германскиот автомобилски производител Porsche.
Имено, компанијата соопшти дека купила едноцифрен процент на акции во германската вселенска компанија Isar Aerospace, со седиште во Минхен. Се работи за релативно нова компанија, која има за цел развој на поекономична услуга за лансирање на сателити во вселената.
„Како инвеститор со фокус на мобилност и индустриска технологија, ние сме убедени дека поекономичниот и пофлексибилен пристап до вселената ќе овозможи иновација во многу индустриски сектори“, објаснува Луц Мешке, член на управниот одбор на компанијата задолжен за инвестиции.
Дали можеби Порше планираат вселенски патувања, или пак едноставно сателите за подобар навигациски систем во своите автомобили? Останува да видиме.
Компанијата Isar Aerospace досега собрала инвестиции во вредност од над 180 милиони долари за развој на својата услуга. Таа исто така веќе го започнала производството на својата ракета Spectrum – двостепено ласнирачко возило со капацитет за носивост до 1.1 тон.