Водечката компанија на македонскиот автомобилски пазар – Порше Македонија, од пред неколку дена направи промена на својата досегашна дигитална агенција и својот натамошен online настап и го довери на агенцијата Кајгана Медиа, која одсега официјално ќе ги менаџира комуникациите на компанијата преку социјалните медиуми.
Како што за Маркетинг365 изјави првиот човек на Кајгана Медиа, г-дин Дарко Лазаревски “за нив претставува особена чест и задоволство што ќе имаат можност да соработуваат со партнери како Порше Македонија и се надева дека соработката и во иднина ќе се проширува пред се на задоволство на клиентите на компанијата“.
Порше Македонија е водечка компанија на македонскиот автомобилски пазар и во нивното портфолио влегуваат брендовите “Порше“, “Сеат“, “Фолксваген”, “Ауди” и “Шкода”.