Словенија, со својата богата историја, културна разновидност и врвни образовни институции, станува сè попопуларна дестинација за македонските студенти. Бројот на студенти што одлучуваат да го продолжат студирањето во Словенија секоја година расте, а мотивацијата и причините се многубројни. Факултетите во Словенија претставуваат извонредна комбинација од едукативна експертиза, достапност и одлични програми за размена на студенти со некои од престижните европските универзитети. Тука не помалку значан е и високиот животен и финансиски стандард на студентот, кој има пристап до многу поволности во културниот и општествен живот, чистиот воздух и секако, можноста да живее во една од најеколошката држави во Европа.
Факултетот за општествени апликативни студии во Нова Горица (https://www.fuds.si/en/) и Факултетот за информатички науки (https://www.fis.unm.si/) се дел од високо-образовните институции во Словенија, каде нивните програми се рангираат меѓу најпопуларните за идните македонски студенти. На овие меѓународно признати институции, приоритет се иновативните методи на настава, современите истражувачки проекти, целосната и безрезервна поддршка од страна на професорите и подготовката на студентите за глобалниот пазар на труд. Бројот на македонски студенти на овие факултети расте брзо и статистиката покажува над 50% зголемување во однос на претходната година (2023/2024), очекувањата се дека во идните години овој процент би бил троцифрен, со оглед на зголемениот интерес и целокупните поволности и достапност за идните студенти.
Овие академски институции, покрај интердисциплинарниот пристап, многубројните соработки и експертизата, се дел и од интернационални проекти кои придонесуваат за збогатување на целокупната академска програма за идните студенти. Претстојната акедемска година (2024/2025), студентите ќе имаат можност да бидат дел од два значајни развојно истражувачни проекти во соработка со многу угледни универзитети од земјите од Европска Унија. Еден од проектите е Twin Synergies, дел од престижната програма Horizon Europe. Овој проект е насочен кон зајакнување на учеството и поттикнување синергии во земјите, со посебен фокус на зелената и дигиталната трансформација. Проектот Twin Synergies е двегодишен проект кој ќе трае до 2026 година, обединува 9 партнери од 4 земји и 1 земја членка на ЕУ со цел да го намали јазот во истражувачките и иновациските перформанси меѓу земјите членки на ЕУ. Целта на проектот TWIN SYNERGIES е да го поддржи стратешкиот план на ЕУ за создавање синергии на оперативно и менаџерско ниво и да се насочи кон барање синергии на повисоко ниво – во развој на човечките ресурси и интернационализација, со фокус на развојниот преод поврзан со зелената агенда и дигитализацијата. Факултетите, покрај главната задача за обезбедување академско знаење и вештини, силно се залагаат за зближување на студентите од разни етникуми преку соработки на интернационални активности и проекти. На овој начин се стекнуваат пријателства и вмрежување за цел живот.
Проектот „Кулинарска историска патека на етничката и локалната кујна во регионот на Дунав”, чиј главен фокус е преку локалната кулинарска традиција и ревитализација на туризмот, да се придонесе за промоција на локалниот економски развој, до создавање работни места и до поттикнување на штедливи и социјални иновации. Во проектот се вклучени 30 етнички групи, (вклучувајќи еврејско наследство и високо маргинализирани ромски заедници) од сите 14 земји низ кои минува реката Дунав. Активни учесници се различни целни групи во Дунавскиот регион, вклучувајќи невладини организации, локални бизниси, јавни власти и академски институции.
Значајните резултати на проектот вклучуваат дигитален каталог на кулинарско наследство, развој на транснационални кулинарски соработки, основање на заеднички тренинг центар, развој на транснационални стратегии, зголемени економски можности на локално ниво, подобрени вештини на локалните засегнати страни и зајакнување на одржливиот туризам. Проектот, исто така треба да придонесе за намалување на социјалните разлики, промовирање на иновации и создавање одржливи придобивки за заедниците кои учествуваат во Дунавскиот регион. Проектот трае 30 месеци, со краен рок до јуни 2026. Координатор на двата проекти е професор д-р Борут Рончевиќ од Факултетот за информатички науки (FIŠ).
Преку овие интердисциплинарни и современи проекти, студентите имаат можност за учество и вмрежување со професорите и со различни култури и традиции, во состав на веќе успешните и докажани словенечки факултети, кои се едни од најдобрите опции за студирање на македонските студенти од аспект на достапност, јазична бариера, квалитет и инфраструктура на образование.
Подетални информации за проектите може да погледнете на следните линкови:
https://www.fuds.si/en/culinary-trail-of-the-ethnic-and-local-cuisine-in-the-danube-region-akronim-culinary-trail/
https://www.fis.unm.si/krepitev-udelezbe-in-pospesevanje-sinergij-v-drzavah-siritve-s-poudarkom-na-zelenem-in-digitalnem-prehodu/