Детскиот фестивал Поточиња со голема радост и задоволство известува дека од 15 до 18 септември 2025 година во ООУ “Ѓорѓија Пулевски” (населба Аеродром) ќе одржи Аудиција за прием на нови членови – учесници на новото фестивалско издание “Поточиња 2026”. Нашите идни Поточиња потребно е да ни отпеат една омилена песна по избор и притоа да понесат широка насмевка бидејќи мисијата на Поточиња е среќни, весели и безгрижни деца.
Како што е напоменато Аудицијата ќе се одржи во горенаведените четири дена во период од 18:00 до 19:00 часот, а самото пријавување се врши на лице место. Аудицијата е за деца на возраст од 5 до 10 години.
Не ја пропуштајте можноста Вашето дете да стане дел од најубавата детска музичка приказна!