Здружението за регионален развој Балкански економски форум (Balkan Economic Forum) соопшти дека е потпишан Меморандум за соработка со Центарот за балкански студии (Centre for Balkan Studies – CBS) на Факултетот за економија и бизнис администрација при Универзитетот „Александру Јоан Куза“ (Faculty of Economics and Business Administration – University Alexandru Ioan Cuza) од Јаш, Романија.
Центарот за балкански студии (CBS) го предводи професорот Димитру-Тудор Џиџие (Prof. Dumitru-Tudor Jijie), истовремено стратешки советник при Балканскиот економски форум и претставник на здружението во Романија.
Овој договор е насочен кон соработката која ќе се фокусира особено на развивање добри билатерални односи, взаемно промовирање на организирани акции и на споделување искуства.
Двете организации ќе здружат ресурси и заеднички ќе се справуваат со предизвиците за регионален развој во европскиот и балканскиот регион.