Home » Компании » Потребна е постојана едукација и надградба за достигнување висок квалитет во млекопроизводството

Потребна е постојана едукација и надградба за достигнување висок квалитет во млекопроизводството

Битолска Млекара како пример за добар деловен партнер 

Во организација на Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битолa, вчера се одржа едукативно предавање на тема „Современа опрема за сточарство и начини на финансирање на истата“, на кое Битолска млекара ја презентираше темата „Начини за партнерство со Млекара АД Битола и поддршка за млекопроизводителите при набавка на опрема“. Предавањето беше во соработка со Синпекс ДОО Битола, а учество зедоа голем број сточари и фармери од регионот.

Во рамките на еднодневниот настан, присутните имаа можност да ги чујат мислењата на врвни познавачи на областа, како и да се едуцираат за важноста за постојаното надградување на квалитетот на опремата и капацитетите на сопствените производствени погони, како и погодните начини за финансирање и поддршка што им се на располагање.

За најголемиот млекопроизводител во земјата ‒ Битолска Млекара, кој континуирано инвестира во македонската млечна индустрија на повеќе различни начини, особено во примарното производство на млеко, говореше Драган Илиевски – Директор на суровина во Млекара АД Битола.

„Нашата индустрија ‒ индустријата за млеко и млечни производи, е еден од најважните сегменти во агро-индустрискиот комплекс. Особено ме радува тоа што постојат вакви иницијативи, бидејќи само со заемна соработка помеѓу млекопреработувачите, фармерите и релевантните институции, како и со заемна поддршка, размена на искуства и знаење, заеднички ќе оствариме позитивни резултати, раст и развој и одржливост, без оглед од која страна на процесот доаѓаме. Ние продолжуваме со нашата поддршка за нашите партнери кооперанти, независно дали станува збор за финансиска поддршка за набавка на нови квалитетни молзни грла, поддршка во унапредување на старите и изградба на нови капацитети, поддршка при набавка на нови системи и компјутерски системи за менаџмент на фармите и сл. Од исклучителна важност е да вложуваме во квалитетот на примарната суровина доколку сакаме да имаме квалитетни производи на полиците и да ги задоволиме нашите строги стандарди, а, се разбира, и барањата на нашите лојални потрошувачи, па, според тоа, би сакале да ги поттикнеме млекопроизводителите и тие самите да настојуваат и да вложуваат во своите фарми, а во насока на подобрување на ефикасноста.“

На настанот беа разгледувани и дискутирани прашања од интерес на сточарите, а беа презентирани и последните достигнувања во опремата за сточарство, со акцент на млекопроизводството. Повеќе информации за настанот се достапни на следниот линк>>>

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365