По повод прославата на 60-тиот роденден, Вегета ги повика своите потрошувачи да станат дел од нејзината историја преку учество во наградното натпреварување за креација на Вегета етикета. Победнците на натпреварот- 60 најдобро дизајнирани етикети, беа избрани од шестчлено жири.
Резултатите од роденденската кампања под назив“Вегета 100% оригинал! 100% моја!“ги претстави Маринка Акрап, директор за корпоративен маркетинг и комуникации на Подравка: „Воодушевени сме од одзивот на нашите потрошувачи и од креативноста што ја покажаа при дизајнирање на етикетите. За временски период од еден месец пристигнаа повеќе од 32 000 предлог дизајни. Во наградната игра, која се одвиваше во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија се пријавуваа и потрошувачи од Австралија, Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Германија, Франција, Ирска, Италија, Словенија, САД, Холандија, Швајцарија, Косово, Канада, Грција и од Норвешка.
„Вегета изгледа подобро од било кога“, изјави Давор Брукета, креативен директор на агенцијата Брукета&Жиниќ&Греј, изразувајќи задоволство што со креација на елементите за дизајн на етикетите им помогнале на корисниците од целиот свет креативно да се изразат.
Креаторите на најдобрите 60 дизајнирани етикети ќе бидат посебно наградени, а сите пристигнати предлог дизајни ќе бидат испечатени на тегли кои ќе бидат во продажба од оваа есен на пазарите на кои се одвиваше роденденската кампања.