Иновативноста на „Денови на комуникациите“ уште еднаш беше препознаена во силната категорија Best Longstanding Association Event, ставајќи ги меѓу финалистите кои ќе го дознаат исходот од натпреварот во октомври.
Тригодишната пауза само ја обнови љубовта на комуникациската индустрија спрема „Денови на комуникациите“ – е заклучокот, откако впечатоците конечно слегнаа, на сите што отпатуваа во Ровињ на крајот на март за да ги апсорбираат сознанијата на светските експерти за комуникација на фестивалската сцена од 360°. А, сега, повеќегодишната традиција на иновативен пристап кон креативноста и комуникациите, провокативната продукција и висококвалитетната организација на „Денови на комуникациите“, организирани од Хрватската асоцијација на здруженија за пазарно комуницирање (HURA) и IAB Хрватска, ја потврдија и британските Association Excellence Awards, кои го вклучија овој фестивал во нивниот избор на најдобри настани во светот.
Основани во 2014 година, наградите Association Excellence Awards веќе неколку години ги издвојуваат најдобрите глобални практики на организации, здруженија и асоцијации од различен опсег на професии. Собирајќи извонредни експерти од различни професии во едно жири, оваа организација препознава поединци, тимови и иницијативи и ја истакнува извонредноста на оние кои со своите напори создаваат подобра заедница делувајќи во корист на нивната професија и нивните членови, клиенти и пошироката заедница. Првата номинација на „Денови на комуникациите“ беше доделена во 2019 година, кога се одржа последното издание на фестивалот, а оваа година ДК се натпреварува со настани од Велика Британија и Белгија во категоријата Best Longstanding Event by an Association. Резултатите од натпреварот ќе бидат познати во октомври, кога победниците ќе бидат прогласени во лондонскиот стадион Kia Oval.
„ДК2022 апсолутно го потврди својот концепт за најдобри луѓе на најдобриот фестивал во регионот. Нашата прекрасна заедница остана верна на фестивалот и на купените котизации цели две години, со нетрпение очекувајќи го големото враќање на Деновите на комуникациите – и нашите срца се полни затоа што чекањето вредеше“, рече Дуња Ивана Балон, директорка на „Денови на комуникациите“ и фестивалската програма. „Веќе втората номинација за најдобар настан е само шлаг на тортата, признание за напорната работа и упорност и потсетување дека сме пред најтешкиот предизвик досега, кој со задоволство го прифаќаме имајќи ја на ум нашата ДК заедница: да надмине сè следната година“.
Низ просториите на хотелот Lone и оваа година течеше неверојатна креативна енергија, а тридневната прослава на креативноста беше одбележана со полни фестивалски сали и фантастична енергија и дополнително ја зацврсти позицијата дека „Денови на комуникаците“ ги собираат најдобрите од домашната индустрија – но и дека на својата сцена ги носат најдобрите предавачи, кои потоа добриот збор за Хрватска и овој фестивал го шират низ светот. Номинацијата од Association Excellence Awards е уште едно признание за хрватската креативна индустрија, која и тоа како може да застане покрај големите светски пазари.
Повеќе информации за фестивалот можете да најдете на www.danikomunikacija.com.