Home » Во фокусот » Повеќе новинари се убиени во првите девет месеци оваа година отколку во цела 2017 година

Повеќе новинари се убиени во првите девет месеци оваа година отколку во цела 2017 година

Авганистан и Јемен се најопасните земји за новинарите во моментов

До 1 октомври оваа година 56 новинари се убиени во светот поради работата што ја вршат, се податоците од “Репортери без граници”. Оваа бројка ги надминува вкупните статистички податоци од минатата година кога беа убиени 55 новинари. Повеќе од половина се однесуваат на убиените во воените зони.

“Алармантниот број на убиени е потсетник на итноста да им се обезбеди поголема безбедност на новинарите. Репортери без граници повикува на формирање на специјален претставник на Обединетите нации, кој ќе биде задолжен за заштита на новинарите, мерка поддржана од низа држави, како и од 130 медиуми, организации и синдикати од целиот свет”, изјави генералниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Делоар.

Најопасна земаја за новинарите е Афганистан, каде што од почетокот на годината се убиени 13 новинари, од кои 10 во еден ден на 30 април. Вкупно 29 новинари се убиени во воените зони од почетокот на оваа година. По Афганистан, најопасна земја е Јемен, каде што се убиени 5 новинари.

Двајца новинари се убиени во Сомалија, а во Централноафриканската Република тројца руски новинари. Вкупно шест професионални новинари се убиени од почетокот на годината во Пакистан, Палестина и Сирија, по два во секоја земја. Опасноста расте и за сириските граѓани – новинари кои известуваат за конфликтите. Шест граѓани-новинари и уште еден медиумски работник се убиени во Сирија во првите девет месеци во 2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365