Во извештајот за корисниците на интернет во светот, кој го објави Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) на ОН, се истакнува дека 3.9 милијарди жители и понатаму намаат можност за пристап до интернет.
Во новиот извештај за корисниците на интернет во светот, кој го објави Меѓународната комуникациска унија (ITU), специјализирана агенција за информатичка и комуникациска технологија на ОН, во 2016 година и понатаму повеќе од половина од светската популација нема пристап до интернет.
Наспроти се пошироката достапност до инетрнет и падот на цената, Интернетот и понатаму не е достапен за 3,9 милијарди жители на нашата планета. Најмногу корисници на интернет, околу 2,5 милијарди доаѓаат од земјите во развој, додека 1 милијарда доаѓа од развиените земји.
Но, прифатеноста на интернетот во развиените земји изнесува 81%, во земјите во развој 40%, а во слабо развиените земки изнесува 15%. Доколку се гледа прифатеноста на интернетот спрема полот на корисниците, видливо е дека во целиот свет прифатеноста на интернетот е поголема кај мажите отколку кај жените. Несразмерот во прифаќањето на интернетот помеѓу машкиот и женскиот пол во целиот свет изесува 12% (во текот на 2013 година разликата изнесувала 11%), со тоа што најголемата разлика е во Африка(23%), а најмалата во Северна и Јужна Америка (2%).
Потполно е поинаква ситуацијата со мобилните мрежи. Дури 95% од светската популација или околу 7 милијарди корисници има пристап барем до основните 2G мрежи, додека 53% од светската популација или речиси 4 милијарди корисници има пристап до 4G LTE мрежите. До крајот на 2016 година бројот на корисниците на мобилниот широкопојасен интернет во целиот свет би требало да достигна бројка од 3,6 милијарди корисници, што претставува зголемување од 3,2 милијарди корисници регистрирани на крајот од 2015 година.