Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ објави повик за доделување на грантови за граѓански организации и медиуми.
Повикот е објавен во рамките на компонентата финансирана од Кралството Шведска и има за цел да ги поттикне активната вклученост и ангажман на граѓанскиот сектор и медиумите во организирање на активности кои се од поширок граѓански интерес и кои го поддржуваат процесот на пристапување кон ЕУ.
Повеќе информации за целите на повикот, критериумите и процедурата за апликација може да најдете на следниов ЛИНК.
Повикот е отворен до 30 октомври 2019.
Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ има за цел да го зајакне капацитетот на нашата држава за интеграција во Европската Унија, а исто така да го помогне и вклучувањето на граѓанските организации и медиумите во текот на сите фази на пристапниот процес.
Времетраење на проектот е од септември 2018 до декември 2020. Вкупниот буџет на целиот проект е 4 милиони евра а како донатори се јавуваат Кралство Норвешка, преку Норвешката амбасада и Кралство Шведска преку Шведската агенција за развој и соработка
.