Повик за доставување предлози – Натпревар за дизајнирање лого за Фондот за Западен Балкан – поддржување заеднички проекти
Фондот за Западен Балкан (ФЗБ) е ново регионално тело кое е во процес на утврдување на своите процедури, структури и документација, вклучувајќи го и визуелниот идентитет.
ЛОГОТО на организацијата во овој поглед има големо значење.
Фондот за Западен Балкан ги кани сите студенти по графички дизајн, или од друга слична област, да осмислат и да ги поднесат своите оригинални, иновативни идеи за идното официјално лого на Фондот за Западен Балкан.
За Фондот за Западен Балкан (ФЗБ)
ФЗБ е регионално тело воспоставено од страна на владите од Западен Балкан со цел промовирање соработка и зајакнување на односите меѓу договорните страни, промовирање заеднички вредности меѓу граѓаните, граѓанското општество и институциите во регионот, преку зајакнување на соработката и контактите меѓу народите.
Фондот се залага да ги постигне овие цели преку поддржување на заеднички проекти и преку споделување заемни искуства, вредности, традиции и култура од регионот на Западен Балкан.
Буџетот на Фондот ќе се оформи од придонесите на договорните страни, во еднакви квоти, како и средства примени од донатори: држави, организации и други извори.
1. Критериуми за подобност и учество во натпреварот
Учеството е отворено за студенти од областа на графички дизајн или студенти и талентирани поединци од некој друг облик на визуелна уметност од една од земјите од Западен Балкан (Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Македонија).
Секој кандидат може да поднесе само еден предлог.
Сите кандидати мора да имаат над 18 години.
2. Логото мора да ги има следните карактеристики:
• Да биде оригинално и уникатно. Да го одразува уникатниот карактер на проектот; да биде осмислено конкретно за овој натпревар; естетски ефективно; лесно претпознатливо (свест за бренд); приспособливо за различни димензии, површини и употреби, и во боја и црно-бело.
• Да не нарушува правата на некоја трета страна, вклучувајќи авторски права, брендови, патенти и сите други видови на интелектуална сопственост.
• Да не содржи портрет, фотографии или каков било елемент на идентификација без соодветно овластување.
• Да биде компатибилно и приспособливо на разновидни содржини, површини и екрани, и на сите видови комуникација, електронска и печатена.
Имајте предвид: Мотото на ФЗБ е: „Поддржување заеднички проекти”
3.Баран формат на предлозите и начини на поднесување
• Секој учесник може да поднесе само еден предлог во облик на еден (1) PDF документ, каде што ќе биде вклучен описот и филозофијата зад логото и една (1) JPG фотографија на самото лого.
• PDF документот освен описот и логото мора да содржи и целосни контакт податоци.
• Документите мора да се именуваат на следниот начин: Име + презиме на учесникот + главен град
• Учесниците можат да ги поднесат своите предлози за лого на адресата info@westernbalkansfund.org
• На крајот од натпреварот победничките логоа ќе бидат претставени во векторски формат во програмата Adobe Illustrator (AI или EPS).
4. Награди
Жири-панелот ќе избере тројца победници, за прво, второ и трето место.
Победниците ќе бидат наградени со вкупен износ од 1000 евра (500 евра/300 евра/200 евра). Победничкото лого ќе стане логото на Фондот за Западен Балкан и победникот на натпреварот ќе добие можност за подолгорочна соработка со институцијата.
Логоата што нема да бидат избрани за награда, но ќе се оценат како интересни ќе бидат изложувани за време на активностите на ФЗБ низ регионот.
Краен рок: 30 октомври 2016, полноќ
За дополнителни информации или доколку имате какви било прашања, ве молиме контактирајте ја г-ѓа Валбона Дедја: 00355698128389; 00355(0)42400420;
valbona.dedja@westernbalkansfund.org