По повод интернационалната кампања „16 дена“ за борба против семејното насилство, компанијата AVON објавува повик за грантови за најиновативни кампањи
AVON Фондацијата за жени и организацијата Futures Without Violence го најавија престижното доделување награди 2015 Avon Communications Awards for Excellence за најдобри комуникациски кампањи фокусирани на борба против насилството врз жените и децата.
Вкупниот награден фонд е 25.000 долари, а 5 невладини организации кои ќе бидат одбрани за своите најиновативни кампањи ќе добијат грант од 5.000 долари.
Аплицирањето е лесно! Заинтересираните организации единствено треба да ги прикачат своите комуникациски материјали на X-CHANGE до 31-ви јануари 2015, со цел да влезат во изборот за 5-те гранта. Апликантите ќе бидат разгледани од интернационално жири, а наградите ќе бидат објавени во март 2015 година, околу Денот на жената.
Програмата Communications X-Change е лансирана во ноември 2012 со цел да ја поддржи популарната интернационална кампања #16дена, како и Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, и оттогаш во X-Change се собрани повеќе од 1.000 материјали од повеќе од 300 невладини организации од 81 земја во светот.
AVON Македонија ги охрабрува и сите македонски невладини организации кои го третираат проблемот со семејното насилство да земат учество во овој повик! Сè што треба да направат за да влезат во изборот е да достават примери од интересни тековни или минати комуникациски кампањи поврзани со насилството врз жените и децата.
Линкот за прикачување на примерите е: http://xchange.futureswithoutviolence.org/
Преку наградниот избор„Avon Communications Awards for Excellence“се препознаваат исклучителните комуникациски кампањи и материјали од секаде во светот кои се наменети за борба против насилството врз жените и децата. Сите доставени материјали најдоцна до 31 јануари 2015 година ќе бидат земени предвид за еден од 5-те гранта и ќе бидат поставени на X-CHANGE, првата дигитална библиотека која на луѓето ширум светот им овозможува да ги споделуваат своите иницијативи за борба против семејното насилство.