ЕСТИМА ги поканува сите заинтересирани истражувачи и новинари да достават идеи за анализа на теми поврзани со НР Кина и нејзиното присуство во Македонија.
Во рамки на повикот ќе бидат избрани 3 идеи за подготовка на кратки документи за јавни политики
и 3 идеи за новинарски стории.
Избраните кандидати ќе имаат можност да работат под надзор на искусни ментори – странски експерти од нивниот сектор (новинарство, односно академска заедница). Секоја избрана идеја ќе биде наградена со 500 американски долари во денарска противвредност.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да работат како истражувачи во граѓанскa организација или како новинари во
медиум со седиште во С. Македонија (може да аплицираат и тимови)
– Да имаат способност да комуницираат на англиски јазик (со менторите)
Избраните кандидати ќе се обврзат:
– Да се посветат на подготовката на краток документ за јавни политики или
новинарска сторија во периодот февруари-април 2022
– Да учествуваат на 2 онлајн менторски сесии (првата на почетокот на февруари,
втората на почетокот на април)
– Да подготват кратко видео (околу 2 минути) во кое ќе ги сумираат наодите од
нивната анализа
– Активно да ги промовираат наодите преку сопствените комуникациски канали
Рок за аплицирање: 25 јануари 2022 година
Начин на аплицирање: Заинтересираните кандидати треба да го пополнат образецот во прилог и да го достават на krstinovska@estima.mk заедно со кратка биографија, со назнака „Повик за анализи – Кина“.
Начинот на оценување на апликациите е објаснет подолу. Избраните кандидати ќе бидат известени во првата недела на февруари.
За сите дополнителни информации обратете се на info@estima.mk најдоцна до 20 јануари 2022 година. Повикот се реализира во рамки на проектот „Промовирање на пристап заснован на вредности во соработката меѓу С. Македонија и НР Кина“.