Брендот за брза храна Burger King го искористи изминатиот „Петок 13“ за да ја лансира својата нова хорор кампања по повод Ноќта на вештерките. Целта на кампањата, насловена “The Call” („Повикот“), е промоцијата на два сезонски артикли кои се враќаат во менито на брендот: Ghost Pepper Whopper и Ghost Pepper Chicken Fries.
Едноминутниот видеоспот ја следи приказната на жена која е тероризирана од анонимен повикувач кој ѝ испраќа застрашувачка порака: „Тоа се врати; тоа доаѓа по тебе“. Жената се обидува да избега и да се спаси, но неуспешно. На крајот таа попушта и ги пробува старо-новите артикли на Burger King, по што станува опседаната и оди на социјалните мрежи со цел да ја врбува следната жртва на проклетството.
Љубителите на хорор филмови може да ја препознаат ова тропа од наслови како “The Ring” и “One Missed Call”. Всушност, новиот спот на Burger King е режиран од страна на американскиот филмски режисер Алфонсо Гомез-Рехон, најпознат по хорор филмот “American Horror Story: Coven”. Локацијата на која е снимен спотот е истата онаа од филмот “Jeepers Creepers”, додека пак употребениот автомобил бил претходно користен во серијата “Buffy the Vampire Slayer”.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Dentsu Creative и продукциското студио Wild Gift Content.