Познатиот мурал „Love is in the Air“ („Љубовта е во вздухот“) на популарниот, но анонимен уличен уметник Бенкси е првото уметничко дело во физичка форма кое бреше продадено за криптовалути од страна на голема аукциска куќа.
Муралот кој прикажува маскиран протестирач кој фрла букет цвеќиња беше понуден на продажба од страна на светската аукциска куќа Sotheby’s. Според правилата на аукцијата, заинтересираните купувачи требало да се наддаваат со износи во долари, меѓутоа добитникот добил можност цената да ја плати во една од двете најпознати криптовалути во светот – биткоин или етериум.
Очекувањата биле дека муралот ќе достигне цена од 3 до 5 милиони долари, односно од 35 до 53 биткоини, меѓутоа највисокиот понудувач далеку ја надминал таа цена и платил износ еднаков на 12.9 милиони долари. Во која криптовалута биле исплатена оваа суме не е откриено.
Продажбата на делото на Бенки постави нов крипто-финансиски преседан, па сега и големите аукциски куќи се подготвени да примаат криптовалути за уметнички дела во физичка форма.