Јуре Товрљан, креативен директор од Словенија ги обработи логоата на познатите брендови за да ги направи порелевантни за време на светската пандемија на коронавирусот. Круговите на Мастеркард и олимписките прстени сега одржуваат безбедни растојанија едни од други; под Најк стои слоганот: „Не правете го тоа;“ сирената на „Старбакс“ носи заштитна маска; силуетата на Џери Вест во логото на НБА сега лежи пред логото; LinkedIn стана „LinkedOut“, а слоганот на Корона Екстра сега гласи „Ви треба ново име“.
На веб страницата Dribbble, Товрљан напиша: „Ова е само идеја како треба да изгледаат логоата во овие тешки времиња. Држете се сите. Останете дома “.
Товрљан работи во независната словенечка агенција AV Studio, која има над 60 вработени и 41-годишна историја. Меѓу своите клиенти, агенцијата вклучува домашни и меѓународни компании, меѓу кои и кинеските Hisense / Gorenje и неколку брендови на P&G.
Тој започна да работи на новите логоа пред една недела. „Работите за СОВИД-19 сериозно започнаа да излегуваат од контрола, а социјалните мрежи се преплавени со ефтини мемиња“, рече тој. „Решив да ја оживеам мојата стара страст за дизајн на логоа и ја видов можноста за некои квалитетни содржини, кои со задоволство би ги гледал на социјалните медиуми во овие тешки времиња“.
Тој вели дека проектот го започнал набљудувајќи ги најпознатите логоа – на Најк, Епл, Старбакс и Кока Кола, но ревидирањето на сите нив не било лесно како што можеби изгледа. „Само сакав да ја раширам пораката на поинаков начин и да им пренесам на луѓето да имаат социјална дистанца и ако е можно, да останат дома. Откако топката започна да се тркала, сите ја прифатија идејата како нешто позитивно и креативно “.
Иако сè уште не разговарал директно со ниту еден од сопствениците на логоата, тој верува дека брендовите што ги користел нема да се навредат од тоа што со помош на креативноста измамил насмевки на загрижените лица.