Home » Во фокусот » ПР агенцијата APCO Worldwide ќе биде одговорна за меѓународната комуникација на Бугарското претседавање со Советот на ЕУ.

ПР агенцијата APCO Worldwide ќе биде одговорна за меѓународната комуникација на Бугарското претседавање со Советот на ЕУ.

(РЕГИОН) – Една од најголемите независни ПР агенции во светот, APCO Worldwide, ќе биде одговорна за меѓународната комуникација на бугарското претседавање со Советот на ЕУ.

Оваа агенција беше избрана од Министерството за надворешни работи на Бугарија за периодот од 1 јануари до 30 јули 2018 г. Вредноста на договорот изнесува околу 242,ооо евра.

APCO Worldwide е основана во Вашингтон, но комуникацијата на бугарското претседателство ќе биде раководена од екипата во престставништвото во Брисел на чело со Nicholas White, Senior Director на белгиската филијала.

Обврска на ПР агенцијата ќе биде да направи изработка на концепт за комуникација, организирање на настани, претставување на водечките личности од тимот кој ќе претседава и организирање на патувањето на новинари од меѓународните медиуми во Бугарија. Компанијата ќе се обиде да ги разработи клучните пораки и да подготви механизми за координација и комуникација со челниците од бугарското претседателство и бугарските институции.

Од описот на ангажманот е доволно јасно дека комуникацијата ќе биде насочена пред се кон политичките групи во ЕУ, европските институции, невладини организации и други експертски групи.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365