Home » Во фокусот » ПР гигантот Еделман ја купи шведската креативна агенција Депортиво

ПР гигантот Еделман ја купи шведската креативна агенција Депортиво

Една од најголемите ПР групации во светот, Edelman , ја направи својата досега најголема не-ПР аквизиција, купувајќи ја креативната агенција Депортиво. Деталите од купопродажниот договор не се објавени за јавноста.

Edelman_Logo

Мет Харингтон, глобалниот директор за операции на Еделман по повод договорт за купување изјави :“ Тие го привлекоа нашето внимание со одличните резултати во Шведска и во Кан. Веруваме дека тие ќе бидат нашата креативна “машина“ за Европа и ќе придонесат со дополнителен креативен сензибилитет за целата компанија “

Депортиво во моментов вработува 20 луѓе, остварува нешто полмалку од 3 милиони долари приход и има искуство во работење со клиенти како Absolut и Philips. Во 2013 и 2014 година, Депортиво ги освои сите главни ПР и адвертајзинг награди во Шведска .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365