M365: Како ја оценувате 2018 за вашата ПР агенција? Што е она по што ќе ја паметите најмногу?
Воздржаност и повлекување на корпоративниот сектор со паралелно засилување на комуникациите на граѓанскиот сектор го трасираа курсот на ПР индустријата во 2018та. Се засилија темите врзани за социјално претприемништво, права на маргинализирани групи, слобода на говор, иновации и генерациска интилигенција. Иако доминираа политички вести во медиумите, успешноста на обидите за балансирање на информации од сите општествени домени ја проценувам како солидна. 2018та ќе ја паметам по прогресивноста на постоечките клиенти за транспарентна и автентична комуникација, храброста да апелираат кон промени и новите свежи теми од кои сите учевме.
M365: Како гледате на симбиозата помеѓу ПР професионалците и новинарите во Македонија?
Интегритет, вистина, доверба и транспарентност се основните димензии на овој однос генерално. Во Македонија особено е здраво е да има дозирана и констуктивна спротивставеност меѓу двете страни во име на автентично адресирање на вистината. Публиката денес не само што е истражувачки позиционирана кон вистината, туку е склона и кон инстантност со доза на нетрпение, аспект кој социјалните медиуми лесно го овозможуваат. Па оттука, ПР професионалците и новинарите, носејќи надпросечна одговорност на креатори на вистината, најдобро ќе ја одиграат својата улога со квалитетна симбиоза, следејќи ги начелата на вистинитост и почитувајќи ја нетрпеливоста на публиката.
M365: Што е она што најмногу Ви смета како пракса на медиумите во Македонија?
Зависноста на информативниот дел од рекламирањето. За жал, поради оваа зависност пропуштаме да прочитаме или видиме фантастични вести од областа на бизнисот, културата и невладиниот сектор.
M365: Која е Вашата желба за 2019 година за комуникациската индустрија во Македонија ?
-Да го разбие долгогодишниот инхибирачки однос од едни те исти клиенти – агенции
-Конечно да проработи мантрата: No brand can afford to be arrogant
-Да научат лидерите од страната на корпоративниот и политичкиот сектор да употребуваат два клучни и магични збора: ,,Не знам” и ,,Извинете”.