Сѐ почесто во светот, онлајн истражувањата поради својата поефикасна и поедноставна форма овозможена од новите технологии, ги заменуваат традиционалните телефонски и теренски анкети со посредство на анкетар. Популарноста на овие истражувања во најголем дел се должи на можноста граѓаните да одговорат на прашалникот во време кога им одговара и да дадат искрен и добро осмислен одговор во врска со нивните навики или пак производите и услугите што ги користат, свесни дека за вложениот труд и потрошеното време ќе добијат соодветен паричен надомест. Од друга страна, компаниите кои сакаат да добијат сознанија за пазарот, или пак поконкретно за нивните производи и услуги со цел да го подобрат своето работење ќе можат да ги добијат информациите побрзо и за пониска цена од традиционалните истражувања.
Онлајн панелот Prashalnik.mk функционира на тој начин што регистрираните корисници на панелот добиваат и-мејл порака со покана за учество во истражување и доколку се согласат добиваат линк каде може да пристапат до соодветен прашалник и да го пополнат електронски преку компјутер, таблет или пак мобилен телефон, а за возврат да добијат поени кои што ќе може да ги заменат за подароци или пак за пари.
Сите оние на кои им звучи примамливо можноста да пополнуваат анкети и на тој начин да заработат, можат да добијат повеќе информации и бесплатно да се регистрираат на www.prashalnik.mk.