Правни предизвици во огласувањето – што ги чека агенциите?
Иако 2017 година само што започна, во Брисел се одвиваат низа правни битки околу круцијалните документи кои наредната деценија ќе го одредат огласувањето во Европа. Регулаторниот притисок никогаш не бил поголем, а огласувањето е пред големи промени.
Европската комисија подготвува предлог легислатива која би ја заменила директивата (ePrivacy Directive) која моментално го регулира прашањето за приватноста, поточно пристапот и складирањето информации, како што се колачињата (Cookies) и останатите онлајн идентификатори на крајните уреди на корисниците (мобилни телефони, лаптопи, таблети). Многу е веројатно дека правилото кое Комисијата ќе го предложи, на корисниците на содржина ќе им даде повеќе контрола и така значајно ќе ја наруши обработката на содржината од трета страна, со што агенциите и останатите трети страни кои се потпираат на сервисите за обезбедување на услуги за огласување ќе “испаднат од игра“.
Пред нас е година во која агенциите ќе треба да превземат драстични напори во придржувањето на регулативата на General Data Protection Regulation (GDPR), а од мај 2018 година со споменатата регулатива ќе мора во потполност да биде усогласено секое работење.
Жестока дискусија е водена и околу легислативата позната како Audiovisual Media Services Directive (AVMSD) и прашањата за регулација на телевизиското огласување на нездрава храна и алкохол. Непрофитните организации се залагаат за ограничување на изложеноста на децата на таков вид на содржина.
Заштитата на потрошувачите е сеопфатен проблем, па Европската комисија ќе истрае на регулаторните рамки на тоа подрачје, што ќе се одрази на прашањето на погрешните реклами и слични проблеми насочени спрема ранливите потрошувачи, поточно децата.
Дали на агенциите и понатаму ќе им биде овозможен пазарен натпревар со останатите сервиси за давање на услуги во индустријата на огласувањето, зависи од тоа колку поддршка ќе добие регулативата која нема неумислено да оди во прилог на некои компании на штета на други.