Чекањето конечно заврши – Внимавајте на екраните во ваша близина за иконичниот Божиќен конвој на Coca-Cola и Дедо Мраз
Брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola ја објави новата верзија на нивниот традиционален Божиќен спот “Holidays are coming!” („Празници се ближат“), претставувајќи препознатлив и суштински дел од огласувачките напори на брендот за време на празничната сезона.
Како и секогаш, видеоспотот ја илустрира радоста и празничниот дух што го носи конвојот камиони на Coca-Cola и Дедо Мраз до секое населено место кое го слави Божиќ. Доаѓањето на камионите е причина за жителите да излезат на улиците и радосно да го пречекаат празничниот конвој, додека градот околу нив започнува да блеска во шарените светилки на Божиќните украси.
Кампањата се реализира во соработка со агенциската мрежа на WPP.