Користењето на Campaign Success Predictor не бара никакво посебно знаење, доволно е да ги знаете основните податоци за организацијата и посакуваната кампања, кои што треба да се внесат во краток формулар.
Врз основа на илјадници истражувања спроведени од страна на агенцијата Promosapiens и колегите од целиот свет, користејќи повеќе параметри, агенцијата Promosapiens разви алатка за предвидување на успехот на посакуваната дигитална кампања – Campaign Success Predictor.
Алатката го пресметува просечниот процент на можности за враќање на потрошениот буџет и постигнување на посакуваната цел, а за правење прогнози се земаат предвид и се користат неколку параметри како што се времетраењето на дигиталната кампања, индустријата, уделот на пазарот, разликата во цените од конкуренцијата и каналите на кои би се водела кампањата.
Но, она што всушност ја прави алатката посебна е тоа што се земаат во предвид и на микро факторите, како што се CTR за индустријата, стапката на конверзија за индустријата, досегот за индустрија и очекуваниот пад на БДП, а сите овие дополнителни фактори придонесуваат за уште поточни резултати за корисниците.
Користењето на Campaign Success Predictor не бара никакво посебно знаење, доволно е да ги знаете основните податоци за организацијата и посакуваната кампања кои што треба да се внесат во краток формулар. Пресметката на веројатноста за успех во кампањата се испраќа на корисникот преку е-меил, така што тој може да ги користи добиените созанија за да ги процени можностите на посакуваните дигитални кампањи.
Ако сакате да испробате како работи Campaign Success Predictor и кои се можностите на вашите посакувани кампањи, пополнете го следниот формулар: shorturl.at/nBGR1