Home » Во фокусот » Префрлањето од класични на е-цигари донесува значителни здравствени придобивки

Префрлањето од класични на е-цигари донесува значителни здравствени придобивки

Британската влада го објави најновиот извештај на државната Агенција за јавно здравство на Англија (PHE – Public Health England), во кој се содржани најновите сознанија на водечките независни експерти за тутун во земјата за прашањата околу употребата на електронските цигари (скратено: е-цигари).

Извештајот ја опфаќа употребата на е-цигари меѓу младите и возрасните, ставовите на јавноста, влијанието врз откажувањето од пушење, како и ризиците по здравјето и улогата на никотинот.

Нивните наоди можат да се сумираат во следните неколку клучни заклучоци и препораки:

  • Целосното префрлување од пушењето класични цигари кон употреба на е-цигари донесува значителни здравствени придобивки, како за пушачите, така и за нивната околина.
  • Само во Британија, е-цигарите би можеле да придонесат за најмалку 20.000 успешни нови откажувања од пушење годишно, а можеби и многу повеќе.
  • Погрешна е перцепцијата кај голем број луѓе дека употребата на електронски цигари е штетно исто колку и пушењето, иако околу 40% од пушачите воопшто не ни пробале е-цигара.
  • Научните докази не ја оправдуваат загриженоста дека употребата на е-цигари можат да ги мотивираат младите да преминат кон пушење класични цигари.

Овие наоди на експертите од Агенцијата за јавно здравство на Англија се објавуваат само неколку недели по извештајот на Американската академија на науки, инженерство и медицина, која меѓудруго, исто така потврди дека „е-цигарите веројатно се далеку помалку штетни од запалливите тутунски цигари“.

Дополнително, наодите на здравствените експерти од Британија и САД се поколопуваат со резултатите од независното клиничко истражување во кое биле вклучени 209 пушачи – волонтери кои користеле типична затворена е-цигара во текот на 24 месеци, а истражувачите ги следеле можните последици врз нивното здравје. Резултатите од ова клиничко научно истражување, кое ќе биде објавено во февруарското издание на реномираното светско стручно списние „Регулаторна токсикологија и фармакологија“ покажуваат дека „редовната употреба на е-цигари нема негативно влијание врз здравјето на пушачите. Напротив, е-цигарите со никотин може да им помогнат на пушачите да го намалат или заменат пушењето без зголемени здравствени ризици поврзани со нивната употреба“.

Ова истражување сугерира дека ни е потребна регулација на е-цигарите која не е моделирана врз основа на регулацијата на тутунските производи, туку поттикнува иновации и усогласеност со висок квалитет на производите, производството и безбедносните стандарди. Владите и креаторите на политиките треба да обезбедат регулаторните рамки да го одразуваат овој нов научен консензус, бидејќи подолгорочното истражување го покажува безбедносниот профил на е-цигарите“, изјави Танвир Валеле, директор за научни работи во „Фонтем Вентурес“ (Fontem Ventures), сопственик на брендот на е-цигари „Блу“ (Blu) и нарачател на истражувањето. Компанијата Фонтем Вентурес е дел од групацијата Империјал брендс (Imperial Brands PLC).

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365