Потребни биле 4 дена, 400 волонтери и околу 2000 хартии да се направи феноменална инсталација во форма на оптичка рамка пред музејот Лувр. И за еден ден посетителите уништиле се`. Уметникот кој стои зад сето ова изјавил дека тоа го очекувал.
Францускиот уличен уметник “JR“ стои зад оптичката илузија на платото пред музејот Лувр во Париз. Самиот музеј датира од 12 век, но зад познатата стаклена пирамида која е поставена пред музејот, стои Кинез роден во Америка, архитектот И.М. Пеи и е отворена на 30 мај 1989 година.
Оптичката илузија која ги одушевила туристите, но и луѓето пирум светот кои ги видоа фотографиите, ги “открива“ имагинарните темели на пирамидата. Потсетува на археолошко ископување и навистина изгледа импресивно.
“JR“ поканил 400 волонтери кои од 26 март до 29 март помогнале во изработката на инсталацијата. Нивната работа опфатила 17 000 квадратни метри. Бидејќи инсталацијата се состоела од 2000 хартии, очекувано било дека нема да потрае. Откриена била во саботата, но откако толпата посетители ја прегазиле, веќе во неделата била во лоша состојба.