Шестиот по ред регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2020, под слоганот „Don’t beautify the world, CHANGE IT“, во организација на Mаркетинг мрежа, ќе се одржи од 2 до 4 јуни во онлајн формат. Своето учество на онлајн форумот го потврдија преку 500 компании и агенции од целиот регион.
Годинешниот настан ќе го отвори Хели Рутсалаинен, Business Development Director, во Dentsu Aegis Network, која е и главен говорник на форумот IZAZOV 2020. Таа ќе зборува на тема „Be a silobreaker: How marketing can drive digital transformation“, односно на кој начин агенциите можат да им помогнат на компаниите во процесот на дигитална трансформација.
Главни ѕвезди на форумот IZAZOV 2020 се Фернандо Пелизаро a.k.a Заро и Жан Зампрогно a.k.a Зампа, Group Creative Directors во агенцијата DAVID The Agency Miami (USA). Во текот на кариерата, тие имаат освоено бројни меѓународни награди, вклучувајќи 23 награди на фестивалот Cannes Lions, од кои 7 златни лавови, како и награди D&AD, One Show, Clios… Тие се тимот кој ја осмисли и реализираше една од најзначајните кампањи за Бургер Кинг – The Moldy Whopper. Оваа година, фестивалот The Drum ги именуваше за едни од најпочитуваните и најнаградувани глобални креативни директори. Тие во голем стил ќе го затворат овогодинешниот форум, а ќе зборуваат на тема „Fortune favors the mold!“
Темите на форумот ќе бидат и миграцијата на вработените – како да се привлечат и задржат луѓето во компаниите и агенциите во ера на криза на таленти; B2E бизнис моделот на иднината; кој ги поставува правилата на играта и кој ја презема одговорноста за (не) успехот; дали постои рецепт за успех на регионалниот пазар и со какви проблеми се соочуваат агенциите и компаниите кои работат на регионално ниво? На форумот, исто така, ќе се разговара за тоа како да обезбеди одржлив и прилагодлив бизнис, како да се прилагодат производите и услугите на побарувачката на пазарот, како и за тоа, какво е искуството што брендовите го создаваат за нас и како брендовите да бидат повеќе човечки, емоционални и ангажирани.
Новитет е можноста за организирање состаноци и speed dating на компаниите и агенциите во текот на трите дена на форумот. Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување дијалог помеѓу агенциите и компаниите преку разни видови интерактивни работилници, а ќе се организира и тимбилдинг за учесниците. Во рамки на работилниците, своите студии на случај, меѓу другите, ќе ги презентираат и компаниите MARS, Bekament, Apatinska pivara, Bambi, Forma Ideale, Vip Mobile, PepsiCo и Ušće Shopping Centar.
Како и во претходните години, на форумот IZAZOV 2020 ќе биде претставено и најновото истражување на состојбата на струката во регионот, направено од Маркетинг мрежа и истражувачката агенција Smart + Research.
Овогодинешниот форум IZAZOV ги поместува границите на организирање настани во Србија и ќе ги собере најважните имиња од домашниот и регионалниот свет на маркетинг, ПР и дигитални комуникации.
Повеќе информации пронајдете на сајтот: www.izazovforum.rs