Кумановскиот краткометражен филм „На колена“ ќе биде премиерно прикажан во среда со почеток во 19:30 часот во Занаетчискиот дом во Куманово.
– Чест и задоволство ни е да ви го претставиме нашиот краткометражен филм “На Колена”. По година и пол работење на проектот конечно успеавме да го реализираме истиот, вели режисерот Милан Богдановски.
Сите оние кои нема да имаат можност да присуствуваат на премирата во среда, веќе во четврток во исто време и на исто место ќе биде прикажана првата реприза.
Билети може да се набават во „Фото плус“ и истите се бесплатни.