Магазинот е достапен за разгледување на следниот ЛИНК.Грчката авиокомпанија Aegean Airlines ја претстави убавината на Малото и Големото Преспанско Езеро како главна тема на најновиот 106 број, прв за оваа година, на промотивниот магазин „Blue fly smart“.
Под насловот „Спокојната убавина на Преспанските Езера“, авторката Катерина Анести раскажува за величествената природа, богатото културно наследство и прекрасните луѓе кои ги запознала во делот на Преспа во рамките на Грција.
Статијата е проследена со впечатливи и драматични фотографии низ објективот на Мара Десиприс од креативната агенција D-Tales од Атина.
Магазинот е достапен за разгледување на следниот ЛИНК.