Home » Во фокусот » Претставен бренд идентитетот на Еуроспорт за олимписките игри во Токио 2020

Претставен бренд идентитетот на Еуроспорт за олимписките игри во Токио 2020

Со цел да обележат 500 дена до палењето на олимпискиот оган на олимпискиот стадион во Токио, компанијата Еуроспорт го претстави новото бренд обележје кое ќе се појавува на екраните за време на игрите кои ќе се одржат следната година во Токио.

Во потрага по посебен дизајн и потпирајќи се на потребата да се изгради една приказна која ќе ги поврзе сите спортови кои ќе бидат претставени во Токио во 2020 година, компанијата Еуроспорт инспирација најде во манга стриповите- уникатен стил на јапонски стрипови за возрасни и деца.

Новото лого ги обединува логото на Еуроспорт, олимписките кругови и фонтот Токио 2020 кој е инспириран од манга стриповите. На овој начин, се премостува јазот меѓу западните и источните култури и манга стилот се воведува во новата ера.

JB Perrette претседател и извршен директор на компанијата Discovery International, изјави: “Нашето олимписко патување започна со игрите во Пјонгчанг во 2018 година. Навистина ни претставува чест да пренесуваме еден од најголемите спортски настани во светот до фановите ширум Европа. Корисевме иновативни техники и нови начини на вклучување во сите наши платформи за да ги направиме овие игри дигитални, што имаше клучна улога за постигнување на рекордна гледаност. Нашите амбиции за Игрите во Токио се уште поголеми. Се стремиме да обезбедиме искуство на пренос на Олимписките игри до ниво кое до сега не е видено; ќе бидеме посилни и похрабри, вклучувајќи уште повеќе фанови на уште повеќе уреди и прикажувајќи ја секоја минута, секој спорт и сите спортисти.”

“Еуроспорт емитува 70% од спортските дисциплини за Летните олимписки игри, така што нашите врвни експерти се подготвени да ги пренесат најважните спортски настани, обезбедувајќи им на фановите единствена спортска експертиза. Нашето иновативно студио беше полн погодок, а ние ќе го подобриме ова искуство со користење на најнова технологија за Токио 2020, со цел да ги вклучиме фановите во акција, како никогаш порано. “

Џорџ Аивазоглу, потпретседател на маркетинг во Eurosport, изјави: “Сакавме нашиот бренд идентитет за време на Игрите во Токио во 2020 година да претставува уникатен симбол кој ја вклучува и оддава чест на јапонската култура, а со легендарното лого на Еуроспорт да стане веднаш препознатлив за милиони луѓе кои гледаат Олимписки игри низ цела Европа. Веруваме дека со овој дизајн создадовме сеопфатен визуелен идентитет кој ја покажува динамичноста на игрите и ги вклучува младите генерации – навистина визионерски”.

Во јуни 2015 година, Меѓународниот олимписки комитет објави дека ќе им додели права за мултимедијален пренос на Олимписките игри за 50 земји и територии на компаниите Discovery, Inc. и Eurosport за периодот од 2018 до 2024 година. За време на олимписките игри во Пјонгчанг 2018 година, првите кои Eurosport ги пренесуваше како нови дом на Олимписките игри во Европа, забележана е рекордна гледаност кога станува збор за Зимските олимписки игри со 63% од луѓето во Европа, кои го следеа овој настан.

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Токио 2020 година ќе се одржи во петок, 24 јули, а игрите ќе траат до 9 август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365