На денешната неформална средба одржана помеѓу менаџментот на Skopje East Gate и претставници на медиумите беше претставен East Gate Living, новиот модерен концепт на домување.
На само 5 минути од центарот на Скопје и истовремено на помалку од 3 минути од парк-шумата Гази Баба, East Gate Living е новиот визионерски проект во изградба позициониран веднаш до East Gate Mall на улицата Беласица.
Сместен во единствениот повеќенаменски проект од овој размер, распространет на вкупна површина од 13 хектари и зелена површина од 2,5 хектари, East Gate Living е одговорот на потребата од нова визија во живеењето, потребата од квалитетен, активен живот и потребата од широк поглед на природата околу себе.
East Gate Living е заедничка капитална инвестиција на неколку компании, и тоа: Financial Union Skopje – Unionnet – агент на Western Union во нашата држава, East Gate – дел од групацијата БАЛФИН, АК ИНвест и SMS Construction.
Бројот на планирани станбени единици во East Gate Living во првата фаза на изградба е 672, а тоа е повеќе од 50 % од вкупниот број завршени станови изминатата 2020 година. Токму оваа градежна динамика е во тесна поврзаност со трендот на побарувачка на станови, која од година во година рапидно се зголемува.
Една од уникатните карактеристики е чистото опкружување околу зградите и детално планираниот простор, при што паркинзите се лоцирани под зградите на паркинг-простор, кој брои 818 паркинг-места, а дополнително на располагање е и сервисен паркинг со вкупно 152 паркинг-места.
Едни од урбаните „виновници“ за живеењето во East Gate Living во поинаков, модерен такт и динамика се светски познатите и наградувани Yazgan Studio од Анкара, предводени од двоецот Керем Јазган и Бегим Јазган. Проектите на ова студио се познати по својот отворен дизајн на ентериери чиј приоритет е светлина, просторност и премиум материјали.
Изборот на станови од 42 м2, па сè до дуплекс станови до 210 м2 ветува разноликост и динамика каква што досега оваа метропола, па и овој регион немаат засведочено.
„Ние не градиме обична градба, празен простор за станување – со East Gate Living ние оформуваме нов начин на живеење, нова перспектива за секого. Секој метар од овој простор е совршено проектиран според сите светски стандарди. Знаеме дека просторот помеѓу зградите е неопходен: нашите блокови се на растојание од 50 метри. Знаеме дека градското зеленило е неопходно: зеленило проектиравме насекаде, а до нас е прекрасната парк-шума Гази Баба“, изјави Игор Давков, Извршен директор на Skopje East Gate.
„Врвното шопинг-искуство на ултрапопуларни светски брендови е нешто што е долгоочекувано: до нас е регионалниот гигант East Gate Mall, во кој секое искуство е врвно, неповторливо. Сите вие, сегашни и идни сограѓани, добре дојдовте во иднината на урбаното живеење. Живејте во срцето на Скопје, во срцето на урбаната иднина“, додава тој.
Изградбата на East Gate Living, комплексот станбени згради е во тек. Продажбата на станбен простор е веќе започната, а за да добиете повеќе информации за цените и предностите за живеење во East Gate Living, посетете ја страницата www.eastgateliving.mk или, пак, нивните профили на Facebook и на Instagram на социјалните мрежи.