На иницијатива на Министерство за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи, изработи софтверска апликација за лицата со оштетен вид.
Апликацијата на македонски јазик, симболично наречена Кико, ќе овозможи пишаниот текст да се слушне и разбере во аудио верзија. Aудио читачот е бесплатен и достапен за сите корисници на Андроид системи, мобилни телефони, десктоп компјутери или други електронски уреди.
За да ја инсталирате на вашиот Андроид уред, симнете ја апликацијата RHVoice и одберете Македонски јазик: https://play.google.com/store/apps/details…
„После повеќе од десет години напорна работа и посветеност за исполнување на начелата на #CRPD ( Конвенцијата за права на лицата со попреченост), денеска „Кико“ претставува многу значајно достигнување во таа заложба.
Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост ја потврдува максимата за почитување на сите човекови права и фундаментални слободи на сите, но посебно внимание посветува на заштитата на достоинството на лицата со попреченост. Со денешното претставување на „Кико“, верувам дека сме чекор поблиску кон вистинскo остварувањe на таа заложба.“ – истакна Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.