Home » Во фокусот » Претставен Кодекс на Асоцијацијата на онлајн медиуми во Србија

Претставен Кодекс на Асоцијацијата на онлајн медиуми во Србија

(РЕГИОН) – Документот содржи основни правила и препораки за членовите на Асоцијацијата на онлајн медиуми – AOM, поаѓајќи од праксата и практичните аспекти на работата на медиумите во онлајн опкружувањето

Асоцијацијата на онлајн медиуми (AOM) е основана во 2015 година како  непартиско, невладино и непрофитно здружение, кое е составено од претставници на 20 интернет портали од сите делови на Србија, заради застапување на интересите на своите членови, но и заради остварување и целосна афирмација на слободната, независна и професионална работа; развој и промоција на етичките стандарди и јавниот интерес во сферата на јавното информирање, како и јакнење на улогата на онлајн медиумите во демократизација на општеството, а сето тоа преку создавање на соодветна регулаторна рамка за функционирење и развој на онјалн медиумите и промоција на значењето на саморегулацијата во онлајн медиумите и зацврстување на авторитетот на Советот за печат.

За таа цел AOM и неговите членови во потполност се посветени на почитување на етичките правила, содржани во Кодексот на новинарите на Србија и Упатствата за примена на Кодексот на новинари на Србија во онлајн средината, како основни правила за саморегулација во областа на слободата на информирање. Покрај тоа, AOM сака да овозможи свој конструктивен придонес за понатамошен развој на саморегулацијата.

Во таа насока, AOM ја препозна потребата и понатаму самата да ги разработува  саморегулторните правила со донесување на сопствен Кодекс, со уште појасни и подетални правила на однесување на професијата, со цел:

  •  да придонесе за промоција на јавниот интерес во областа на јавното информирање по пат на онлајн каналите на комуникација;
  • целосна афирмација на професионализмот во известувањето;
  • да даде поттик за објективно информирање, ослободено од притисоците на политичките и економските центри на моќ;
  •  со тоа индиректно да даде придонес за понатамошен развој на правото на слободата во истражувањето, како едно од основите човекови права.

Овај документ, чијшто процес на изработка го поддржа и Фондацијата за отворено општество на Србија, е составено од следните поглавја:

  • Пред објавување на информацијата да се изврши верификација на фактите на кои информацијата се заснова, како и изворот на таа информација
  • Точно, објективно, потполно и благовремено известување за случувањата кои се од интерес за јавноста
  • Креирање на интерни правила за поставување коментари на сите платформи кои се користат (сајт, социјални мрежи…). Со акцент на примери што не се дозволени.
  • Почитување на деловите од законите и Кодексот на новинари кои се однесуваат на одговор на информациите, исправка на информациите и показатели за измена на информациите
  • Почитување на стандардите за приватност во известувањето, а посебно се препорачува почитување на правото на заборавот и изработување на правила за приватност во однос на личните податоци на корисниците.
  • Заштита на авторските права – изготвување на договор со авторите или носителите на имотни авторски права, образец за согласност на авторот, како и правила за користење на текстовите.
  • Почитување на правилата кои се однесуваат на чување на медиумските содржини и материјали.
  • Посебно внимание да се посвети на информационата безбедност и едукацијата на новинарите и уредниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365