На 4 јули 2026 година, Соединетите Американски Држави ќе одбележат 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност во 1776 година. Иако има повеќе од две години до конкретниот датум, активностите за одбележувањето на овој значаен јубилеј веќе отпочнаа.
Задолжени за кампањата по повод 250-годишнината од независноста на САД се членовите на непартиската организација America250, кои што пак побарале помош од познатата дизајнерска компанија Chermayeff & Geismar & Haviv за изработка на визуелниот идентитет на големиот јубилеј. Истото дизајнерско студио работело и на визулениот идентитет за 200-годишнината на САД во 1976 година.
Централниот елемент на новиот визуелен идентитет за 250-годишниот јубилеј ќе биде логотип замислен како континуирана украсна лента во црвена, бела и сина боја, свиена во облик на бројот 250. Континуираноста на панделката треба да симболизира единство, соработка и хармонија, поврзувајќи ги различните приказни и искуства кои ја сочинуваат нацијата.
Флуидниот дизајн на логото е надополнет со натписот „Америка“ во елегантна серифна типографија, создавајќи кохезивен и впечатлив визуелен симбол.
Заедно со претставувањето на визуелниот иднетитет беше отворен и конкурсот “America’s Invitation”, кој бара од американските граѓани да ги споделат сопствените видувања за значењето на нивната нација преку приказни, песни, поеми, слики и видеа.
Оваа иницијатива е само почеток на серијата настани, кампањи и соработки кои ќе водат до 250-годишнината на САД во 2026 година.