Home » Во фокусот » Претставена новата колекција на Omega пред македонската публика

Претставена новата колекција на Omega пред македонската публика

Во прекрасниот амбиент во Македонска филхармонија, пријателите на „Божиновски часовници и накит“ имаа ексклузивна можност за момент да ја победат гравитацијата и да се прошетаат низ темната страна на месечината, добивајќи сосема поинаква перспектива за концептот на времето што е најпрепознатливата карактеристика на брендот Omega.

Присутните имаа можност подетално да се запознаат со новата колекција на часовници од овој врвен часовничарски бренд и да слушнат за сите новитети презентирани на најпознатиот саем за часовници Basel World 2018.

„Omega е најсветлиот дијамант кој го краси завидното портфолио на брендови на „Божиновски часовници и накит“ и навистина ни претставува особена чест што имаме можност сите новитети на овој перфекционистички бренд да ги претставиме пред македонската публика. Ова е првиот бренд кој што успешно ја напуштил орбитата на земјата и испишал нова историја во часовничарската индустрија и како бренд ужива голема популарност кај пасионираните љубители на часовници низ целиот свет, а особено ни е драго што и во Македонија исто така брендот секогаш предизвикува голем интерес, што укажува на фактот дека има голем број на луѓе кои знаат како да го победат концептот на времето и да ги завртат стрелките да одбројуваат во нивна полза“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“.

Од компанијата најавија дека ќе продолжат со постојано презентирање на сите новитети во часовничарската индустрија, бидејќи како застапник на најврвните часовничарски брендови во Македонија публиката тоа и го очекува од нив.

Погледнете ја фотогалеријата за да доловите дел од атмосферата од настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365