ФИФА и земјата домаќин, Катар, го претставија официјалното лого за најголемиот фудбалски настан во светот
Официјалната презентација се одржа во главниот град на Катар, Доха, во 20:22 часот по локално време (19:22 часот по средноевропско време), каде илјадници гледачи беа сведоци на синхронизираната проекција на логото на повеќе импресивни градби, вклучувајќи го и Бурџ Доха.
Дизајнот на логото ја отлотворува визијата за настанот што го поврзува и го зафаќа целиот свет, притоа нагласувајќи ги впечатливите елементи на локалната и регионалната арапска култура.
Живописните кривини на симболот ги претставуваат брановидните на дини, а непрекинатиот круг го претставува и бројот осум – потсетник на осумте импресивни стадиони каде ќе се одвиваат натпреварите – и знакот на бесконечност како одраз на меѓусебната поврзаност на самиот настан. Покрај тоа што ја истакнува формата на култниот трофеј на Светскиот куп ФИФА, централниот облик на симболот црпи инспирација и од традиционалната волнена марама. За време на зимските месеци, ширум светот и особено во регионот на арапскиот Залив, марамите ги носат различни луѓе на различни начини.
The Official Emblem of the FIFA #WorldCup Qatar 2022 embodies the vision of an event that connects and engages the entire world, while also featuring striking elements of local and regional Arab culture and allusions to the beautiful game. pic.twitter.com/Z9k2UlaISm
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) September 3, 2019
Сложените извезени детали, кои обично ги красат шалови во арапскиот свет, црпат инсирација од различни култури ширум Азија, славејќи ја разновидната популација на Катар и фактот што ФИФА Светскиот куп по втор пат се одвива на овој континент. Зимската облека инспирирана од регионот, исто така, алудира на почетните датуми на натпреварот и фактот дека тоа ќе биде првиот FIFA World Cup што ќе се игра во ноември и декември.
Новиот дизајн на буквите кој оди со симболот ја прикажува традиционалната арапска калиграфија во нов, современ фонт, црпејќи инспирација од регионот и од Азија, спојувајќи ја традицијата со модерните стилови.
Импресивниот стадион „Ал Јануб“ е моделиран по традиционалниот брод dhow што се користи на ова подрачје и претставува второ место кое мора да биде подготвено за првенството. Стадионот беше домаќин на првите натпревари одиграни во мај оваа година и ја демонстрира грандиозната визија на земјата домаќин за креирање култен дизајн. Останатите шест локации се планирани да бидат завршени пред крајот на 2020 година, вклучувајќи го и спектакуларниот стадион Лусаил, кој има геометриски облик кој е инспириран од фенери. Овој стадион ќе биде домаќин на натпреварот кој ќе го отвори првенството на 21 ноември, како и на финалните натпревари планирани за 18 декември 2022 година.