Во текот на вчерашниот ден, АмЧам Македонија и агенцијата Меккен Скопје беа домаќини на видео панел-дискусија на која се разговараше во живо на темата “Што ќе се промени во адвертајзингот по (и за време) на коронатa?“.
На панел дискусијата учествуваа Ричард Бонер-Дејвис(I&F Grupa), Маја Наумовска Савеска (Халкбанка Скопје) и Ирина Маја (Меккен Скопје), кои покрија неколку теми:
- Како светот ќе биде променет пост-Корона.
- Што ќе биде “навистина важно” во нашите животи во блиската иднина?
- Кои се јаките страни на Вашиот бренд и како тие ќе Ви помогнат да го позиционирате Вашиот бренд во пост-Корона периодот.
! Презентацијата на Меккен Скопје со наслов “Улогата на брендовите за време на пандемијата”, можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
! White Paper-от на McCann Worldgrop со наслов “Човечките вистини за време на Коронавирусот”, може да се погледне од ОВОЈ ЛИНК.