Почнувајќи од вчера (10 Јуни), сите маркетинг агенции од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Црна Гора ќе можат да се пријават за учество на второто издание на BalCannes, регионалната ревија на најдобри кампањи која ќе се оддржи за време на Викенд Медија Фестивалот во Ровинј – а кој го органзиира HURA (Хрватското здружение за бизнис комуникации).
На првото издание BalCannes привлече преку 100 кампањи и 52 агенции од 6 земји кои се претставија пред бројните огласувачи од целиот регион со цел отварање на нови соработки и ширење на бизнисот.
Давор Брукета, еден од организаторите на BalCannes изјави:
“BalCannes е одлична прилика за агенциите да се презентираат пред потенцијалните клиенти и да го прошират својот опсег на бизнис делување и надвор од својата земја, а за огласувачите тоа е одлична
можност да добијат сознанија за тоа кои се најдобрите агенциски примери. Овој проект има голем потенцијал и се надеваме дека и оваа година ќе биде препознаен како клучно место за регионално маркетинг поврзување и бизнис можности“
На BalCannes 2013 може да учествуваат сите заинтересирани агенции. Пријавените кампањи покрај појавувањето на Викенд Медиjа Фестивалот ќе бидат поставени и во BalCannes YellowPages датабазата која ќе биде активна цела година.
Иако BalCannes не е од натпреварувачки карактер, 25-те најинтересни проекти ќе бидат дополнително представени во главната фестивалска сала на Викенд Медиjа Фестивалот.
Пријавите се отворени до 1 Септември 2013. Повеќе информации во однос на пријавувањето и условите можете да видите на