Војвотката и војводата од Кембриџ, Вилијам и неговата сопруга Кејт објавија дека отворија свој канал на Јутјуб.
Во твит што го објавија пред неколку денови, тие напишаа – „Сега сме на YouTube“ – додавајќи линк за сите следбеници, пренесува Индипендент.
Прво, како најава на Јутјуб-каналот, тие објавија клип во кој се прикажани како обавуваат бројни кралски должности, со детали зад камерите што јавноста досега немаше можност да ги види.
Снимките ги прикажуваат крајно неформално и опуштено, што не е начин на кој досега се прикажуваше кралското семејство.
We’re now on @YouTube!
Subscribe: https://t.co/nRQZXPRtuT pic.twitter.com/1rHJK8dhRy
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) May 5, 2021
Тие ја започнаа оваа практика претходните недели, кога беше објавено семејно видео, како дел од десетгодишнината од нивниот брак. Тие ги споделија среќните моменти во нивното семејство, додека со своите три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, шетаат во шума, играат на плажа и печат колачиња, што беше оценето како невообичаено личен и сентиментален потег од челновите на монархијата.
Во едно од објавените видеа направени зад сцената, принцот Вилијам и вели на Кејт: „Пази што зборуваш, затоа што овие момци снимаат сè“, на што таа одговори – „Знам“.
Објавата на Кејт и Вилијам доаѓа само 24 часа откако војвотката од Сасекс Меган Маркл објави дека ја пишува својата прва книга за деца под наслов „Клупата“, инспирирана од песната што ја отпеа за нејзиниот сопруг Хари на Денот на татковците, еден месец по раѓањето на нивниот син Арчи.