Ппопуларниот бренд на чипс Pringles го пронајде осумногиот пандан на нивната препознатлива маскота, мустаќлијата Mr. P, а сега сака тоа и да го официјализира.
Се работи за животно познато како „Бубрежест градински пајак“, кој често се среќава во делови на Азија, како Индија, Индонезија, Малезија и Тајланд. Телото на пајакот има впечатливи обележја кои потсетуваат на карактеристиките на маскотата на Pringles, со неговите зрнести очи и големи мустаќи.
Инспирирани од природата, брендот лансираше петиција со која сака да го натера Меѓународното друштво за арахнологија официјално да го промени името на пајакот во “Pringles Spider” т.е. „Принглс пајак“
„Еден поглед на овој неверојатен пајак и веднаш ви текнува – пајакот изгледа баш како логото на Pringles. Еднаш кога ќе го видите, повеќе не може да го одвидите… сличноста е неверојатна. Pringles не можат само да стојат настрана и да не сторат ништо кога во дивината постои нешто толку ДИВО – овој природен феномен мора да се адресира“ – велат од Kellog, матичната компанија на Pringles.
Дали навистина ќе го убедат Меѓународното друштво за арахнологија да го преименуваат пајакот? Иако малку веројатно, сепак таквата можност не треба целосно да се исклучи. Останува да видиме. Доколку акцијата биде успешна, Pringles припремаат лимитирана серија на пакувања чипси за нивните најголеми поддржувачи во процесот.
Фановите можат да се приклучат на петицијата преку посебна веб-страница, каде што можат и да присвојат сопствен виртуелен Pringles-пајак.