Пред неколку месеци агенцијата WMcCann од Бразил направи посебен прилог за магазинот Veja, со кој го промовираше инсектицидот Mat Inset. „Откријте два начини за да ги убиете инсектите“ порачува огласот и додава: „И двата се без мирис.“
Читателите се повикани да го извадат прилогот од магазинот и да го замотаат, со што ова парче хартија го завзема обликот на спреј шишето на овај производ. Вака завитканиот оглас, може да се користи за – удирање по штетниците.
„Во Бразил се појави денга треска – болест која е предизвиканаод каснувањето на комарците Aedes Aegypti“, објаснува креативниот директор на агенцијата Sérgio Franco. „Како креативна инспирација го користевме фактот што луѓето често се ослободуваат од комарците и инсектите со помош на замотани весници или списанија. Меѓутоа, откако го замотавме списанието, сфативме дека имаме ист облик како и шишето на нашиот производ.“
Во време кога принт огласите во списанијата користат напредна технологија за да привлечат внимание, овај оглас донесува многу едноставна и остроумна креативност што апсолутно заслужува аплауз.