Пресетувањето на нова лозинка, па дури и за кориснички профил кој сме го создале ова утро, може да не’ збуни во секоја ситуација. Понекогаш чувствуваме како да сме под јако светло, потејќи се пред тензична публика од стотина елегантно облечени луѓе – тоа е метафората која ја користи Apple во новиот рекламен спот “Memory” за iPhone X.
Главна улога во рекламата игра еден натпреварувач во отмен квиз кој врши ментална гимнастика да се присети на неговата најнова лозинка и да одговори на прашањето, при што публика станува нестрплива и гранично непријателски настроена.
Идејата е дека новиот iPhone X во голема мера го олеснува менаџирањето со лозинки, користејќи го вашето лице како универзално решение за најавување. Рекламата е со богата костимографија и сценски дизајн, а еден од интересните детали е дека масата од квизот потсеќа на смартфон.
Рекламата е режирана од Ринган Ледвиџ, искусен режисер со повеќе одлични адвертајзинг спотови зад себе, како што се “The Duel” и “Clowns” на Audi, “Susan Glenn” на Axe и “Three Little Pigs” на The Guardian.
Новата реклама на Apple, иако стилски многу различна, се надоврзува на спотот “Unlock” кој излезе порано годинава, во кој една жена развива супер моќ да отвора било што со поглед, откако ќе сфати дека може да пристапи до својот телефон преку препознавање на лице.