Home » Компании » Признание за иновативна употреба на дигиталните канали на комуникација

Признание за иновативна употреба на дигиталните канали на комуникација

Комуникацискиот тим на I&F McCann Група е награден со ПРизнание за употреба на дигиталните медиуми и новите технологии во комуникациите. Наградената кампања е реализирана за проектот ARt, најголемата виртуелна изложба на сите времиња, која McCann Белград ја креира за Музејот на современа уметност во Белград.

Оваа награда претставува признание за тимската и посветена работа на сите колеги, како и на Музејот на современа уметност, кој со доверба ја поддржа кампањата. Секогаш се трудиме да зачекориме храбро во осмислувањето на комуникациите кои се иновативни и креативни и остваруваат резултати. Горди сме на силните идеи кои се препознаени во локални и меѓународни рамки и кои се наградени од ценетото жири за наградата ПРизнание. Оваа награда ја продолжува низата на другите кои до сега ги освоивме во година во која како компанија одбележуваме 20 години од основањето”, изјави Марија Вичиќ, директор за комуникации во I&F McCann Група.

ПРизнанијата ги доделува Друштвото за односи со јавност на Србија, кое оваа година исто така обележува 20 години работа. На адресата на Друштвото, во рамките на овогодишниот конкурс стигнаа 67 пријави во 16 категории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365