Оние кои за време на нивните нелегални активности се потпираат на несовршенoто око на човечкот ги чека непријатно изненадување, барем кога се во прашање продавниците Walmart. Имено, се работи за тоа што се поставени безбедносни камери кои користат вештачка интелигенција во илјада објекти од овој ланец на продавници, со цел да им помогнат на вработените во откривањето на крадците.
Компанијата потврди дека се работи за програмата “Missed Scan Detection”која го анализира однесувањето на купувачите со помош на систем за вештачка интелигенција и предупредува доколку забележи сомнителни дејства.
Камерите ги анализираат активностите како на касата со касиер, така и онаму каде купувачите сами пријавуваат што купиле.
Целта е да се детектираат оние артикли кои не се скенирани на каса, па ако камерите откријат дека некој производ не поминал низ касата, тие автоматски го известуваат претпоставениот кој потоа ја презема контролата.
Камерите Missed Scan Detection пристигнаа во продавниците Walmart пред две години и придонесоа да се намалат загубите што произлегуваат од кражба и оштетување на стоката. Од таму велат дека големите загуби се предизвикани од човечка грешка на касите, така што кражбите не се најголемиот проблем, туку тоа што некои од артиклите се комплицирани за скенирање.