24 Меѓународен фестивал на креативноста Golden Drum, кој ќе се одржи од 18 до 20 октомври во Љубљана во Grand Hotel Union, го објави крајниот рок за пријавување на кампањите – 18 август 2017.
Кампањите ќе бидат оценети од страна на два вида на жирија, составени од 22 врвни меѓународно признати стручњаци од креативната индустрија.
John Mescall, глобален извршен креативен директор и претседател на McCann Global Creative Leadership Council ќе претседава со Best Practice жирито, додека со жирито Best Piece ќе претседава Bruno Bertelli, глобален креативен директор на Publicis Worldwide.
Натпреварувањето е отворено за сите агенции, огласувачи, клиенти, продукциски куќи и дизајнерски студија, ТВ и други медиумски куќи и сите кои се вклучени во креирање или продукција на пазарни комуникации, регистрирани во следните држави: Албанија, Ерменија, Австрија, Азербеџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Црна Гора, Кипар, Естонија, Финска, Грција, Грузија, Хрватска, Израел, Италија, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Унгарија, Македонија, Малта, Молдавија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Туркменистан, Турција, Украина и Узбекистан.
Сите кампањи мораат да бидат емитувани/објавени за прв пат помеѓу 1 јануари 2016 и 18 август 2017 година.Кампањите од претходните години не смеат да се пријавуваат на натпреварувањето.