Сите што работат во областа на маркетингот знаат дека во центарот на сите маркетинг активности се клиентите. Преку директна комуникација со клиентите се следат нивните деловни потреби и развој, со цел идентификување и дефинирање на јасна и ефективна комуникациска стратегија, во чиј склоп е и стратегијата за огласување а таму и употребата на надворешно рекламирање.
Фидбекот од клиентите, односно крајните корисници за Продукција Перспектива е важен елемент во процесот на истражувањето и комуникација со клиентите.
“Преку анализата на пазарот и барањата на клиентите, установивме можност за нова понуда во маркетинг кампањите која како инструмент на медиумска комуникација го користи *потегот со панели*, што е еден од најефикасните инструменти во надворешното рекламирање. Потегот со рекламни панели (последователно поставени рекламни панели) овозможува повторување на рекламната порака или презентација на повеќе производи/услуги од ист бренд, при што се повторуваат логото или заштитниот визуелен идентитет на еден бренд.“ – велат од Продукција Перспектива.
Факт е дека со постојаното повторување на некоја реклама се предизвикува можност да се зголеми вниманието, да се зголеми шансата за појава на интерес, а со тоа и да се појави желба за да се купи производот или услугата што е презентирана на рекламата, односно потребните чекори за ефикасно таргетирање во маркетинг кампањите: со што поголем број на повторувања со исто средство и начин на рекламирање да се постигне поголем и потраен ефект на внимание и меморија.
Во прилог на наведеното е и човековиот процес на помнење на емитуваните информации кој е многу важен елемент во механизмот на делување на рекламната порака, а тој процес е правопропорционален со бројот на повторувањата на пораката и на временските интервали на тоа повторување.
Преку овој концепт на продажба, Продукција Перспектива им овозможува на своите клиенти да набават потег со пет рекламни панели по промотивни цени и период на закуп кој нив им одговара.
Новата понуда покрај другите предности, со ценовната политика го приближува потегот со панели до поширока група на корисници.
Повеќе информации тука