„Сега“ на бирото за проектирање БИНА [Биро за Инвентивна Архитектура] е претставник на Македонија на 17. Биенале на архитектура во Венеција (22 Mај – 21 Nоември), која ќе биде свечено отворена на 20 Мај со почеток во 10.00 часот во дворот на “Palazzo Zorzi” – седиштето на UNESCO во Венеција. Куратор на 17. издание на Биеналето е Хашим Саркис, архитект и експерт на Универзитетот МИТ во САД со носечка тема „Како ќе живееме заедно“.
Изложбата е на група архитекти предводени од Бекир Адеми, куратор на изложбата. Ко-куратор е Јордан Шишовски, Комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија, додека покровител на изложбата е Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Проектот „СЕГА“ е симболична претстава на еден отсечок од мноштвото и непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот. Сето ова концептуално открива два аспекти на просторно-временското суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината.
Инсталацијата на првото доживување е интровертна и питома, потоа прераснува во една широка купола, каде интеракцијата и пресекот помеѓу архепитизирана рамка-куќа со подвижна сфера суштински ја генерираат формата, создавајќи чувство на споделена хармонија и стабилност кај посетителите.
Концептот се материјализира во дрвена композиција составена од дрвени елементи сите со различни димензии меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура.
Намерата да се генерира прецизна микроструктура со динамична порозност, а со тоа и да се промовираат универзалните вредности произлезени од целиот процес на развивање на концептот доведе до големо искушение и ризик околу реалната реализација на инсталацијата со што дополнително се зголеми предизвикот и желбата за достоинствен одвогор на зададената тема. Наравоучението од овој процес несомнено беше надминувањето на инженерските навики кои би резултирале со отварање на нови хоризонти во инжинерството и архитектонското замислено.
“Флуктуацијата на општествените чинители чија аспирација е заеднички живот, надминувајќи кохабитациски разлики без да ja дезинтегрираат индивидуалнaта сфера, е вистински предизвик сега. Процесот на самосвесност може да се развие во две насоки – кон човечките микрочинители или кон структурите од човекот направени” пишува во каталогот за проектот.
***
Конструкција, материјализација и дизајн: Бекир Адеми / БИНА
Логистика: Енис Абовски, Амине Адеми, Атанас Наумовски.
Аудио инсталација: Владимир Лукаш.
Текст: Ана Рафаиловска, Јордан Шишовски, Бекир Адеми.
Графика: Ивана Чалоска, Енес Север.
Учесници: Бекир Адеми, Ана Рафаиловска, Ивана Чалоска, Јордан Шишовски, Енис, Абовски, Енес Север, Амине Адеми, Атанас Наумовски, Гаврил Бошковски, Аида Салиху, Дрен Невзати, Елмедина Хасани, Нита Чаволи.